Седум борци од Кик Бокс клуб Гладијатор Фајт Штип овој викенд ќе бидат дел од големиот турнир во Јагодина Србија од кои искусни но и борци кои ќе настапат за првпат.
Од КК ГЛадијатор Фајт Штип ќе настапат:
- Марио Алексов-63кг Јуниор
- Антонија Тасева-47кг кадет
- Андреј Алексов -42 кг кадет
- Зоки Михајловски-42 кг помлад кадет
- Баже Јанев-28 кг помлад кадет
- Петар Ѓоргиев -28 кг помлад кадет
- Максим Иванов -24 кг помлад кадет
За прв пат ќе учествуваат членовите
Петар Ѓоргиев
Зоки Михајловски
Максим Иванов
Тренерот Шенол Асанов истакна дека дневно клубот односно членовите имаат по 2-3 тренинзи од кои очекува и големи резултати. Додава дека подготовките биле и со останати клубови од други градови односно од Тим Зоран – Струмица, Комбат – Радовиш, Максим – Прилеп, Самурај – Битола
На големиот турнит во Јагодина ќе настапат Словенија,Хрватска, Србија , Црна Гора, Албанија, Молдавија, Турција, Грција и Македонија.