Во текот на денот сончево и потопло со умерен до засилен ветер од јужен правец, информираат од УХМР за денешната временска прогноза.Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 14, а максималната ќе достигне од 23 до 28 степени.
Следува период на променливо облачно време со сончеви периоди и потопло. Во сабота ќе дува засилен јужен ветер, а во текот на ноќта кон недела ќе има преодно дестабилизирање со локален пороен дожд.