За претстојниот натпревар Украина-Македонија од Квалификациите за ЕВРОПСКОТО ПРВЕНСТВО во Германија 2024 свои видувања даде и нашиот репрезентативец Бојан Миовски
„Имавме позитивни резултати во последните два натпревари со Италија и Малта и има една одлична и позитивна атмосфера и мора да го задржиме тој моментум, па да го искористиме на најдобар начин. Мечот со Украина е најважен, ако победиме, ќе ги направиме интересни работите во групата и секако дека имаме шанси за тоа второ место.
На секој натпревар целиме на три бода, се надевам дека сите кои ќе бидат на теренот ќе бидеме сплотени како екипа за да го израдуваме македонскиот народ. Секој меч е различен, се се случува со причина и сега сме фокусирани само на Украина. Ако освоиме три бода, ќе имаме огромни шанси да играме на Европското првенство“, изјави Миовски.