Денеска времето во земјава ќе биде наутро свежо, а преку денот сончево со мала локална облачност. Минималната температура ќе се движи во интервал од четири до 16 Целзиусови степени, а максималната ќе достигне од 22 до 28 степени.
Според УХМР, продолжува периодот на стабилно и релативно топло време со свежи утра. Во четврток и петок во попладневните часови ќе има локално зголемување на облачноста и услови за краткотраен локален дожд.