Денеска времето во земјава ќе биде сончево со умерена облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Минималната темпратура ќе се движи во интервал од девет до 18 Целзиусови степени, а максималната дневна ќе достигне од 18 до 30 степени.
Следува период на променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, а температурите ќе бидат во рамките на просечните за овој период од годината.