Џастин Тимберлејк е избран за најголема можна ѕвезда за отворање на овој хотел со 3.644 соби, кои нудат почетна цена од 244 фунти за ноќ. Хотелот ќе има 36 ресторани и барови, велнес центар кој вклучува 44 соби за лекување, солена пештера, просторија за инхалација со лековити билки и сауна. Хотелските газди се вон себе што успеале да го договорат настапот на Тимберлејк, убедени се дека тоа е најдобрата можна реклама за нив.
Тимберлејк последен пат настапил во живо во април 2019 година во Ункасвил, Конектикат на последниот датум од неговата турнеја „The Man Of The Woods“.
За неговото враќање на концертите во живо се зборува откако неодамна повторно ги здружи силите со Нели Фуртадо и продуцентот Тимбаленд на песната „Keep Going Up“ објавена пред неколку недели, шеснаесет години по нивниот хит „Give It To Me“.