Бијонсе направи пауза од турнејата Renaissance за да го прослави роденденот. TMZ пренесе дека го прославила во луксузното одморалиште The Brando во Франција со семејството и пријателите и дека изнајмила синџир од 11 вили за сите гости.
Според странските медиуми, прославата траела од 5 до 8 септември. На денот на роденденот на 4 септември, Бијонсе имала концерт на кој присуствувале околу 70 илјади фанови.