Македонската радио и телевизија го потврди учеството на земјава на Евровизија 2024. После една година пауза Македонија ќе настапи на евровизиската сцена во Малме следниот мај. Намерата за учество се потврдува и со предвидената буџетска ставка во годишната програма на МРТ за 2024 која изнесува 1.5 милион денари (24.345 евра).

„ПРОГРАМАТА НА МАКЕДОНСКАТА РАДИО ТЕЛЕВИЗИЈА ВО 2024 ГОДИНА ЌЕ БИДЕ

ОДБЕЛЕЖАНА И СО УЧЕСТВОТО НА ИЗБОРОТ ЗА ПЕСНА НА ЕВРОВИЗИЈА 2024 ГОДИНА КАДЕ ШТО
ЌЕ БИДАТ ПРЕЗЕНТИРАНИ МАКЕДОНСКИТЕ МУЗИЧКИ ВРЕДНОСТИ ПРЕКУ ПЕСНАТА – УЧЕСНИЧКА НА ОВОЈ ФЕСТИВАЛ“, СТОИ ВО ПРОГРАМАТА НА МРТ.

Евровизија 2024 ќе се одржи од 7-ми до 11-мај во Малме, Шведска. Официјално Македонија не учествуваше во 2023-та поради финансиски причини предизвикани од кризата, но учеството во 2024-та година не беше исклучено ако состојбата се стабилизира.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *