Годинешново 38-мо издание на фестивалот на забавна музика „Макфест 2023“ во Штип, според списокот на музички имиња и квалитетот на песните кои ќе ги изведуваат, ветува уште посодржајна и поатрактивна музичка понуда од минатата година. Првата вечер дебитанска, во втората фестивалска вечер ќе настапат Андријана Јаневска, Ламбе Алабаковски и Полина Тасева, Бојана Скендеровска, Александар Тарабунов, Љубојна, Таско, Марија Груевска…….. Оваа година без натпреварувачки карактер само што ќе се додели парична награда за најслушана композиција меѓу двата фестивала.
Музички и продукциски, уметничкиот директор Роберт Саздов и неговиот тим соработници како што самиот изјави, направија се’ звукот на „Макфест“ да биде уште поблизок до актуелните, светски, музички трендови  од друга страна, со свеж  звук и модерна продукција блиски до младата публика, да не се заборави и онаа повозрасната, која ќе може да ја препознае песната блиска до нејзиниот вкус и сензибилитет. Со еден збор на „Макфест 2023“ ќе има музика за сите вкусови и возрасти.
Се на се’, на годинешниов „Макфест 2023“ кој ќе се одржи на 20 и 21 октомври во Центарот за културата „Ацо Шопов“ во Штип очекувајте едно многу поинакво издание на најпознатиот фестивал во Македонија.

 

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *