Џони Деп ќе ги донира парите од Амбер Херд на пет хуманитарни организации
Амбер Херд, конечно, му ги исплатила парите на својот поранешен сопруг, актерот ќе ги донира сите пари во пет различни добротворни организации и дека ќе им додели по 200.000 долари на секоја од нив. Тој избрал организации кои им помагаат на болните деца, кои се грижат за животната средина, но и оние кои обезбедуваат безбедно домување на недоволно згрижените заедници. Минатата година, целиот свет со големо внимание го следеше судскиот спор меѓу поранешната холивудска двојка Џони Деп и Амбер Херд. На крајот, поротата застана на страната на Деп и донесе пресуда дека Херд, која по судењето се пресели во Шпанија со своето бебе, треба да му исплати отштета од 15 милиони долари. Неколку месеци подоцна, тие се спогодија на 1 милион долари, кои актерот вети дека ќе ги донира во хуманитарни цели.