Изминатиот викенд 60.000 луѓе продефилираа низ улиците на Сиднеј по повод годишната трка и големата забава што се враќа во акција за прв пат од почетокот на пандемијата. Трката на задоволство „City2Surf“, која минува низ најпознатите делови на Сиднеј, е долга 14 километри.Учесниците облекоа различни костими во форма на диносауруси, горили и суперѕвезди.„City2Surf“ започна во 1971 година, а целта е да се собере пари за различни хуманитарни институции низ Австралија.Претходните две години настанот беше откажан поради пандемијата, а организаторите одржаа виртуелни трки во тој период.