Денеска  5 октомври се одбележува Светски ден на учителите, кој е еден вид потсетување за нивната улога во растот и развојот на децата, а со тоа и на целокупното општество.

Годинава, тема на Светскиот ден на учителите е „Трансформацијата во образованието започнува со учителите“.

„Денес, на Светскиот ден на учителите, ја славиме критичната улога на учителите во трансформирањето на потенцијалот на учениците со тоа што се осигуруваме дека ги имаат потребните алатки за да преземат одговорност за себе, за другите и за планетата. Ги повикуваме земјите да се погрижат на учителите да им се верува и тие да бидат препознаени како создавачи на знаење и партнери во креирањето политики“, се вели во  пораката на меѓународните организации по повод 5 Октомври.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *