„Мател“ (Mattel) позмнатата компанија за играчки  ѝ оддаде почест на Тина Тарнер на 40-годишнината од нејзиниот хит What’s Love Got To Do With It со кукла Барби креирана по нејзиниот лик.

Куклата, која е дел од нивната музичка серија Barbie Signature, носи облека инспирирана од музичкиот спот за песната – црн мини фустан во комбинација со тексас јакна и нејзината препознатлива фризура.

„Чест ми е да ѝ посакам добредојде на својата Барби во групата на веќе претставени жени и да запознам повеќе деца со моето патување“, изјави Тарнер (82).

Осумкратната добитничка на „Греми“ уживаше огромен успех во доцните 60-ти и раните 70-ти, настапувајќи со нејзиниот поранешен сопруг Ајк Тарнер. Парот се разведе во 1978 година по бурниот брак.

 

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *