13,4 милиони гледачи, од 67 милиони жители во Британија, ја гледале церемонијата на крунисувањето на кралот на двата главни канали на Би-би-си. Тој број се качил на повеќе од 14 милиони во времето кога круната била положена на главата на 74-годишниот крал, соопшти денес прес службата на британската телевизиска мрежа. Останатите канали не ги соопштија своите податоци, но поголемиот дел од публиката ваквиот тип настани ги гледаат на Би-би-си. За погребот на Елизабета Втора во септември минатата година, просечната публика била повеќе од 26 милиони гледачи, со најмногу 28 милиони гледачи, вклучувајќи 18,5 милиони на Би-би-си. Нејзиното крунисување во 1953 година, прво на телевизија, го гледале 27 милиони луѓе во Британија, според Бакингемската палата, а погребот на принцезата Дајана 32 милиони. Крунисувањето на Чарлс било подготвувано без премногу ентузијазам. Анкетите покажуваа ограничен интерес во контекст на галопирачката инфлација, а тука е и фактот дека Британците минатата година одбележаа 70 години од владеењето на Елизабета Втора во јуни, а потоа нејзиниот погреб во септември.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *