Најголемиот литературен собир во земјава оваа година ќе се одржи под слоганот „Приказна се чита“, инспириран од употребата на социјалните мрежи и нивниот статус во нашите животи. Со силен фокус на зборот „приказна“, Саемот на книга оваа година ќе се обиде да направи мост со цел да ги спои световите на литературата и технологијата, и на тој начин да го доближи читањето, па и понудата на самиот Саем, до што поголема публика.

Статистиката вели дека просечниот корисник на интернет дневно поминува околу 2 часа и 23 минути скролајќи и разгледувајќи на социјалните мрежи. За истото тоа време, може да се прочитаат околу 60 страници лесна литература. Времето е исто, но ние одбираме како ќе го потрошиме…

Саем на книга 2024 е отворен за сите, без разлика на нивната возраст, нивните размислувања или пак позадината. Исто како и интернетот, тоа е место каде што збирот на идеи раѓа нешто поголемо и поважно, што нѐ спојува и ни дава до знаење дека секоја приказна е важна. Вратите на Саемот на книга 2024 ќе бидат отворени од 18 до 24 април, секој ден помеѓу 10:00 и 20:00 часот во арената Борис Трајковски.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *