25 мај се одбележуваше Денот на младоста и  беше еден од најголемите празници во Социјалистичка Федеративна Република Југославија. Главниот симбол на овој празник беше Штафетата на младоста, која се пренесуваше околу еден и пол месец низ целата територија на некогашна Југославија и на 25 мај му се предаваше на Тито на величествен слет. Штафетата секоја година тргнуваше од различно место и до друга република, секогаш масовно пречекувана ширум некогашната Југославија. Штафетата на младоста продолжи да постои и по смртта на Тито, станувајќи симбол на љубов и почит кон неговото дело.

25/05/2023

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *