Денешниот датум 21 јуни се слави светскиот ден на музиката. Оваа идеја потекнува од Франција  кога во 1982 година под покровителство на тогашниот министер за култура Жак Ланг се одржал Фестивал на музиката кој се состоел од настапи на музичари на отворено, во паркови, улици и слично, а публиката можела да ги следи бесплатно. Иницијативата потоа се пренела и низ други држави, па првиот ден од летото 21-ви јуни е прогласен за Светски ден на музиката. овој празник се слави во повеќе од 100 земји ширум светот. Земете го денешниот ден како убав повод да уживате во преслушување на омилените песни.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *