Денес е Меѓународен ден на мајчиниот јазик — ден на кој се одбележува мајчиниот јазик во земјите. Прогласен е на 30-тата седница на Генералната конференција на УНЕСКО во 1999 г, именувајќи го 21 февруари — ден на кој се одржани драматичните протести за бенгалскиот јазик. Според статистичките податоци, во последните три века има изумирање на јазиците, особено на американскиот и австралискиот континент. Во светот денес се зборуваат околу 6.500 јазици, а на околу половина им се заканува исчезнување во многу делови од светот.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *