Во чест на Штипските боречки легенди изминатиот викенд во спортскиот центар Јордан Мијалков се одржа традиционалниот турнир “Трофеј Штипски Боречки асови“

Турнирот е во организација на најтрофејниот боречки клуб во Македонија БК Балканец од каде што потекнуваат односно излегоа голем број на познати спортисти Олимпијци меѓу кои  Зоран Шоров. Симеон Шутев, и Киро Ристов.

На турниорт изминатиот викенд учествуваа 20 екипи од Македонија, Косово и Бугарија со над 170 борачи.

Боречкиот клуб Балканец е формиран на 17 септември 1960 година во моментот претседател на клубот е Виктор Богданов.

На вчерашното свечено отворање  присуствуваа голем број на познати борачи-легенди од Македонија мегу кои Шабан Трстена, Зоран Шоров,Ванчо Чифлиганец, и многу други  а настанот го отвори Дејан Богданов претседател на БФРСМ.

Од помладите генарации на турнирот присуствуваа  Бобан Данов селектор на македонската боречка репрезентација, Аце Арсов, Даниел Илијев, Дејан Митров, Мики Тодоров, Жарко Коцев  и многу други.

На турнирот беа доделни и плакети на покојни  Штипските боречки легенди кои оставиле траен белег во борењето и тоа Киро Ристов, Марјан Наумов, Лазар Коцев , Симеон Шутев, Борче Димитров, Љупчо Џамѓозов,Драги Панов-Муса, Дурак Арифов, Роме Коцев,Ристе Шалев, Ванчо Богдов и Данчо Стојанов.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *