На 21 и 22 октомври  во Штип ќе се одржи 37 по ред издание на фестивалот на забавна мелодија Макфест. Во домот на културата Ацо Шопов ќе настапат 25 изведувачи поделени во две вечери.

Меѓу изведувачите кои годинава ќе настапат  е познатата пејачка Тамара Тодевска, момците од „Два Бона“, пејачката Викторија Лоба, Ламбе Алабакоски, Виктор Апостоловски, Андреа Коевска, со дует ќе се претстават раперот Пајак и Лара Иванова, Андријана Петрушовска и многу други.

Она што го прави „Макфест“ посебен, е тоа што во овие 37 години го одбележаа многу хитови, многу евергрини и тоа во секакви стилови и жанрови. Но, едно е повеќе од сигурно, а тоа е дека секое време си носи свои трендови… Па, ако судиме по тоа, на „Макфест“ оваа година ќе доминираат модерени звуци, а тоа само докажува дека македонската музичка сцена и тоа како ги следи светските трендови во музиката. Впрочем тоа го докажува и големиот интерес кај македонските артисти за да настапат на овогодинешниот фестивал истакна уметничкиот директор на фестивалот, познатиот музичар Роберт Саздов.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *