Денес 16 години од смртта на Тоше Проески но иста болка и копнеж по него. Во Крушево денес  во 12часот на главна улица ќе бидат пристигнати маратонците од толпа на граѓани и ученици со роза во рака кои ќе ги положуваат пред маратонците. На Платото пред Спомен куќа “Тодор Проески” ќе се изведуваат песни од Тоше. Околу 13часот ќе биде отворена музејска поставка на тактилни слики од музејски предмети наменети за слепи лица.  Ќе биде промовирано и видео на знаковен јазик истите музејски поставки. И за крај доделување на благодарници на сите поддржувачи и учесници во 16 по ред Ултрамаратон за Тоше.

Вечна ти слава!

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *