Штипјанецот Бојан Миовски повторно беше стрелец во триумфот на Абердин против шкотскиот великан Глазгов ренџерс од 2-0. Тој го постави конечниот резултат во 57. Минута. Миовски сезонава е меѓу водечките стрелци во Шкотска со 16 првенствени гола, а има и две асистенции. Абердин по оваа победа се наоѓа на третата позиција на табелата со 53 бода. Инаку до вчера траеше и гласањето за најдобар играч на годината на Абердин во кој влегува и Бојан Миовски. Победниците ќе бидат прогласени на 4мај.