Македонскиот напаѓач Бојан Миовски уште еднаш го покажа своите голгетерски способности. Абердин, благодарение токму на нашиот репрезентативец се избори за голем бод против шампионот и моментално најдобриот тим во Шкотска во овој момент – Селтик.

Овој натпревар се емитуваше во живо на регионалниот спортски канал „Арена спорт“, а откако Миовски постигна спектакуларен гол во 50. минута српскиот коментатор падна во транс и беше одушевен од мајсторијата која што ја изведе македонскиот ас.

Голот на Миовски и реакцијата на коментаторот од Србија

 

Деветката на Абердин доби топка од Полвара и тргна во соло-продор. Тој изведе атрактивен дриблинг, со него го фрли ривалот на тревникот, а потоа рутински стрела во мрежата на искусниот Џо Харт. По голот кој сигурно ќе конкурира за најдобар на колото во шкотската Премиер лигата, Миовски прослави во стилот на Кристијано Роналдо, со популарното „Сиууу“.

https://www.facebook.com/stefan.miovski/videos/324454766643308

извор gol.mk/stefan miovski

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *