Загреб, Сараево, Белград, Ниш, Нови Сад, Рим, Варшава… се само дел од градовите кои го откажаа огнометот за Нова година, а средствата ќе ги донираат на Здруженијата за заштита на животните. Во моментов, околу 50 градови одлучија да прослават без огномет, поради грижа за домашните миленици и сограѓаните за кои ваквата бучава е голем извор на стрес и траума. Исто така, на листата на аргументи против пиротехниката се додадени и оние за заштита на животната средина, со оглед на тоа дека хемикалиите и процесите со кои се произведуваат имаат штетно влијание врз животната средина. Како алтернативни решенија за огномет се користат конфети, ласери и слични визуелно атрактивни светлосни ефекти.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *