Сумаја Вушах има 11 години е една од најмладите нови новинари во Газа кои известуваат за Палестинците.

Девојчето во интервју за Ал Џезира изјави дека не се плаши да известува од завојуваниот Појас Газа, каде од 7 октомври во израелските напади се убиени повеќе од 100 новинари.

„Мајка ми и татко ми беа загрижени кога почнав да известувам бидејќи знаеја дека новинарите се цел. Но, видоа дека сакам да го направам тоа и дека сум одлучна, па ми дозволија“, изјави 11-годишното девојче.

Сумаја вели дека била инспирирана да ги раскаже приказните за Палестинците во Газа од репортерката на Ал Џезира, Ширин Абу Аклех, која беше убиена од израелски снајперисти во Џенин.

 

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *