Познатиот голем знак со буквите „HOLLYWOOD“ (Холивуд) на ридот над Лос Анџелес ќе биде реновиран, соопштија вчера тамошните власти.

Знакот со огромни букви е поставен 1923 година, со поглед кон светскиот центар на филмските студија. Реставраторските зафати ќе почнат денеска и ќе траат околу осум недели, соопшти надлежниот орган за заштита на споменикот, висок 14 метри.

„Знакот ја претставува гордоста на Лос Анџелес и едвај чекаме обожавателите ширум светот да ги видат обновените букви“, се вели во известувањето.

Реновирањето во пресрет на 100-годишнината од поставувањето на буквите, почнува со нивно миење, а потоа и ќе бидат префарбани.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.