На 1 октомври во центарот за култура Ацо Шопов во Штип почнува 10-тото јубилејно издание на Театарскиот фестивал за деца и млади „Малиот принц“ под мотото „За секое дете – за секој цвет и за оној чија отсутност мириса“.

Отворањето на Фестивалот е на 30. септември (петок) со промоција на креативниот перформанс во кој ќе учествуваат: магионичари, жонглери, принцови и принцези, живи статуи, кловнови.

Фестивалот ќе ги доделува следните награди:
ГРАН ПРИ награда за претстава во целина
Специјални награди за:
– Најдобар актер или актерка на вечерта
– Авторска музика
– Сценографија
– Костимографија
– Режија
– Адаптација на текст

ПРОГРАМА

30.09.2022 (петок) – 19:00ч. Отворање на Фестивалот – Перформанс за најмалите / Плато на НУЦК „Ацо Шопов“ Штип
01.10.2022 (сабота) – 12:00ч. „МАЛАТА СИРЕНА“ / НУЦК „Трајко Прокопиев“ Куманово
04.10.2022 (вторник) – 19:00ч. „УБАВИЦАТА И ЅВЕРОТ” / Мал театар – Прилеп
05.10.2022 (среда) – 19:00ч. „ЧУНГАЛУНГОВСКИ, ПЕПЕЛАШКА И ПРИНЦОТ ТОРТИЧКА“
НУЦК „Ацо Шопов” – Штип
06.10.2022 (четврток) – 19:00ч. „ПАТ ОКОЛУ СВЕТОТ“ / НУЦК „Антон Панов“ – Театар Струмица.
08.10.2022 (Сабота) -12:00ч. „ТРНОРУШКА” / 14:00ч. „ПОСЛЕДНАТА БИТКА” / Летачка театарска трупа – Тетово.
10.10.2022 (понеделник) – 19:00ч. „ТОБИ “ Н.У. „Театар за деца и младинци” – Скопје.

Театарскиот фестивал за деца и млади „Малиот принц“ ќе трае од 1 до 10 октомври 2022 година.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *