Новак Ѓоковиќ се најде во потесниот список на кандидати на реномнираниот „Би-Би-Си“ за најдобар спортист на планетата во 2023 година. Во објавата стои дека Ѓоковиќ освоил три Грен слем оваа година, го соборил вечниот рекорд со 23-от најголем освоен тениски турнир и станал првиот тенисер кој три пати го освоил секој Грен слем. На УС Опен, тој го израмни рекордот на Маргарет Корт со 24 Грен слемови, а сезоната ја заврши со седми трофеј на Завршниот турнир во Торино, што никој досега не го направил.Негови конкуренти се гимнастичарката Симоне Билес, шампионот во Формула 1, Макс Верстапен, јужноафриканската рагбист Сиа Колиси, шпанската фудбалерка Аитана Бонмати и норвешкиот фудбалер Ерлинг Халанд.Гласањето трае до 12 декември, а наградата ќе биде доделена на 19 декември на првата програма на „Би-би-си“ по 70-ти пат.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *