Новак Ѓоковиќ го доживеа еден од најтешките порази во кариерата откако загуби од 123. тенисер на светот, Лука Нарди и го заврши настапот на Индијан Велс.

Длабоко сме влезени во третиот месец од новата сезона, а Ѓоковиќ уште чека на првиот трофеј годинава. Вели дека не е навикнат на тоа.„Му честитам на Нарди, особено беше одличен во третиот сет. Не знаев многу за него, но го гледав како игра и знаев дека поседува голем квалитет на основната линија, поготово на форхенд. Добро се движеше, многу е талентиран. На турнирот влезе како среќен губитник и немаше што да изгуби, па одигра фантастични и заслужено победи. Јас сум изненаден од нивото на мојата игра која беше навистина лоша“, рече Ѓоковиќ по мечот.

„Сѐ можеше да биде поинаку. Мислам, како што реков многу лош учинок од моја страна. Оваа година уште немам трофеј. Тоа е нешто на кое не сум навикнат. Најголемиот дел од својата кариера сезоните ги почнував со овојување на грен-слем или победа во Дубаи, или на било кој турнир“.

„Но, ова е дел од спортот. Мора да го прифатите. На некои турнири победувате, на некои ќе загубите. Се надевам дека ќе освојувам уште и ќе продолжам понатаму“.

Многумина се прашуваат дали Ѓоковиќ ќе игра во Мајами, каде што е пријавен и турнирот треба да почне од 20. март.„Засега останува да учествувам. Но, ајде да видиме. Пред десет минути бев на терен, главата уште ми е жешка. Мора да земам ден-два, па тогаш ќе видам што ќе направам следно“.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *