Македонските ултра маратонци настапија на ултрамаратонот во Истра, Хрватска, настан кој што е дел од светската серија во оваа дисциплина. На истата се прикажаа во одлично светло и постигнаа фантастични резултати.

Виктор Најдовски истрча 168,6км за 28часа 49 минути и 13 секунди. На трката од 110 км. најдобра беше Радмила Јованова со време 17:51.14, а Сунчица Близнаковска победи на трката од 42,1 км., која ја мина за 6:10.31. Штипската ултрамаратонка Радмила Јованова која на трката со делница од 110 километри во Истра,Хрватска беше најдобра Македонка со време од 17 часа, 51 минута и 14 секунди.Таа во својата категорија беше 16 место, а како 25 девојка ја мина целта. Во вкупниот пласман на сите натпреварувачи на 110 километри, таа заврши на 152 место.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *