Колумбиската поп ѕвезда Шакира приреди незаборавно искуство за своите обожаватели, одржувајќи бесплатен концерт на егзотичната плажа Копакабана во Рио де Жанеиро. Според градоначалникот на градот, на настанот присуствувале неверојатни 2 милиони луѓе, кои дошле да ја поздрават латино иконата.
Овој мега-концерт е дел од новата стратегија на Рио де Жанеиро за привлекување масовна публика преку бесплатни настапи на светски ѕвезди. Овој тренд го започна Мадона во 2024 година (со 1,6 милиони посетители), по што следеше Лејди Гага минатата година (со 2,1 милиони).
