45-годишната пејачка Шакира  ја отфрли спогодбата во јули и ќе мора да се појави на суд, кој може да ја осуди на осум години затвор. Обвинителот бара осумгодишна затворска казна за пејачката, која е обвинета дека не платила даноци од 2012 до 2014 година, при што пејачката тврди дека водела номадски начин на живот поради „работни потреби“. Шакира минатата недела вети дека ќе се бори против, како што рече, лажните обвинувања од шпанските власти. Таа тврди дека ги платила сите обврски кон шпанските даночни власти пред да биде поднесена тужбата против неа.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *