Одлични резултати и нови спортски успеси за младите борачи на БК Балканец-Штип на Меѓународниот турнир во борење слободен стил „Коцев Љубомир – Листон“, кој денес се одржа во Велес.
Борачите на штипскиот клуб уште еднаш го покажаа својот квалитет, борбеност и спортски дух, освојувајќи вкупно 10 медали – четири златни, четири сребрени и два бронзени медали.
Највисокото место на победничкиот пиедестал го освоија:
Лана Николова
Лука Николова
Дамјан Димитров
Филип Тодоров
Сребрени медали освоија:
Марко Јорданов
Леонид Јанков
Дарио Ѓуров
Никола Гоцев
Со бронзени медали се закитија:
Дамјан Крстев
Стефан Лепитков
За подготовката и настапот на младите борачи се погрижија тренерите Мики Тодоров и Давор Тасев.
новинар Никола.А
