Само еден ден пред почетокот на Светското првенство, ФИФА забрани репрезентацијата на Хаити да игра во дресовите кои ги имаше планирано и мора да направат редизајн, без никаква скриена политичка заднина.

Оваа карипската нација има хоризонтално сино-црвено знаме, a на дресовите за СП има и дел каде што има развеано бело-црвено знаме.

ФИФА го протолкува ова како политичка изјава според своите прописи. Дизајнот го одразува првото знаме што Хаити го имал како слободна нација. Брендот „Саета“ кој ги правеше дресовите, со ова сакаше да им оддаде почит на граѓаните на Хаити со симболична слика што содржи илустрација од Битката кај Вертиер од 1803 година. 

Сепак, ФИФА бара модификација на овие спорни елементи кои се косат со правилата на Светската фудбалска федерација.

Првично се мислеше дека на дресот е знамето на Полска, која учествуваше и помагаше во независноста на Хаити од Франција, но сличноста е случајна, тоа е првото знаме на Хаити.

izvor sportmanija.mk

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *