Лондон- Филмот на Кристофер Нолан „Опенхајмер“ минатата година беше едно од најгледаните филмки остварувања, а за неговиот квалитет зборуваат и наградите што ги доби оттогаш.

Како што пишува „Варајети“, „Опенхајмер“  во „Ројал фестивал хол“ во Лондон освои седум златни маски вклучувајќи ја и онаа за најдобар филм, најдобра режија, најдобар актер во главна и во споредна улога.

Кристофер Нолан е прогласен за најдобар режисер, а Килијан Марфи ја доби наградата за најдобар актер, за улогата на Џ. Роберт Опенхајмер, „таткото на нуклеарната бомба“.

Покрај нив, награда „БАФТА“ доби и Ема Стоун, за најдобра актерка во фантазијата „Клетници“, остварување кое на овој фестивал освои пет награди.

“Опенхајмер“ имаше 13 номинации, но не успеа да го урне рекордот од девет трофеи кој пред половина век го постави филмот „Буч Кесиди и Санденс Кид“.

На гала настанот присуствуваше и принцот Вилијам, претседател на „БАФТА“ кој не одржа говор и без Кејт Мидлотон која се опоравува од операција на абдомен.

 

 

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *