Списанието „Тајм аут“ ги објави најзабавните и „најкул“ улици.

„Велингтон“ во Монтреал, Канада, го зазема првото место, а најмногу претставници има САД. На списокот има вкупно 33 улици.

Меѓу првите 10 улици се и: „Гертруда“ во Мелбурн, Австралија, „Грејт вестерн роуд“ во Глазгов, Шкотска, ул. „Јонгканг“ во Тајпеј, Тајван, Кина, „Вернедамсвеј“ во Копенхаген, Данска, „Карангахејп роуд“ во Оукланд, Нов Зеланд, ул. „Тај Пинг Шан“ во Хонг Конг, Кина, автопатот „Јаоварат“ во Бангкок, „Ораниенштрасе“ во Берлин, Германија и ул. „Хејс“ во Сан Франциско, САД.

Најзабавната улица во Лондон, Велика Британија, за 2022 година е „Депфорд хај“, каде што се наоѓа спој од улични тезги, пазари, продавници, кафулиња итн, за кој уредникот на „Тајм аут“, Крис Вејвел вели дека не само што ја прави „најкул“ улица во градот, туку и „најжива“. Други европски улици подолу на списокот се „Колокотрони“ во Атина, Грција, „Кале Ечегарај“ во Мадрид, Шпанија и „Капел стрит“ во Даблин, Република Ирска.

Меѓу нив се уште три градови во САД – Мајами, Њујорк и Чикаго.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *