Најтрофејниот македонски режисер, Милчо Манчевски овој викенд доби Специјална награда на фестивалот И-фест во Калабрија, Италија. Тој  е почесен гостин на фестивалот, кој го чествува со Ретроспектива на комплетниот опус, од „Пред дождот“, „Прашина“, „Сенки“, „Мајки“, „Бикини Мун“, „Врба“ и „Кајмак“ до кратките „Четврток“ и „Крајот на времето“. На 23 септември „Кајмак“ го отвора фестивалот во Тирана, Албанија, а ден претходно Манчевски ќе има официјална средба со градоначалникот на Тирана Ерион Велиај.  Потоа следат фестивалите „Балкан панорама“ во Измир, Турција, и „Avant&Una“ во Бихаќ, БиХ, додека  „Кајмак“ продолжува со фестивалите и во текот на есента.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *