Партизан успеа да го победи Реал во Мадрид во првиот меч од четвртфиналната фаза во кошаркарската Евролига и со тоа да поведе со 1:0 во серијата подобар до три триумфи. Шокантна беше завршницата во Мадрид, а херој е Кевин Пантер кој погоди тројка за победа на 0,4 секунди до крајот. Интересно е дека овој датум, 25 април станува историски за Партизан, затоа што токму тогаш Црно-белите играат дуели за историја кои се памтат долго време. Во последните 13 години, токму на овој датум се одиграните мечеви кои сите љубители на кошарката ги паметат. Тркалото вчеравечер се сврте повторно во корист на Партизан, па Пантер погоди тројка за победа во Мадрид каде Реал многу ретко губи посебно не во толку значајни средби.

 

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *