Канада официјално влегува во евровизиското семејство. Јавниот сервис CBC/Radio-Canada објави пет финалисти за првиот настап на земјата на Евровизија, која следната година ќе се одржи во Бургас, Бугарија.

Канаѓаните гласаат од 27 октомври до 5 ноември. Повеќе од 300 музичари аплицираа, а стручна комисија ги избра: Вилијам Клутие (франкофонски звук од Квебек), Џозијан (акадиска двојазична авторка), поп-изведувачката Рев, инди-рокерот ТАЛК и Тајлер Шо.

Европската радиодифузна унија потврди 36 учесници, меѓу кои и Македонија (МРТ). Полуфиналињата ќе бидат на 11 и 13 мај, а големото финале на 15 мај во „Бургас Арена“.

Новинар Никола.А

29/10/2026