Поради продолжениот викенд и претстојниот празник Свети Кирил и Методиј, кој се одбележува на 24 мај, деновиве се бележат големи гужви на граничните премини кон Грција, особено на Евзони и Дојран.

Зголемениот број туристи и патници создава долги колони и подолги задржувања при влез во соседната земја. Според очекувањата, најголем интензитет на сообраќајот ќе има во попладневните и вечерните часови на 22 мај, како и во текот на утрото на 23 мај.

Иако Евзони останува најфреквентен премин за македонските граѓани, токму таму се создаваат и најдолгите колони. Дел од патниците се пренасочуваат кон Дојран, но и на овој премин се очекува зголемен метеж и подолго чекање.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *