Реал Мадрид и Манчестер Сити вечерва ќе се сретнат во првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите, а утре на програмата е градското дерби меѓу екипите на Милан и Интер. Манчестер Сити цели кон одмазда по минатогодишниот епски пораз од Реал Мадрид, кралскиот клуб го брани тронот и ќе направи се за таму да остане. Анчелоти и Гвардиола немаат сериозни проблеми со повредени фудбалери, па двајцата тренери ќе можат да излезат со составите со кои посакуваат да играат. Вечерва на програмата Реал Мадрид -Манчестер Сити од 21:00 часот.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *