Годинашново 73. издание на најпознатиот фестивал во Европа Сан Ремо започна на 7 февруари и ќе трае до 11 февруари. Традиционално, фестивалот се одржува со пет вечери. Водителот како во претходните години е популарниот италијански водител Амадеус, кому на сцената  му помага познатиот пејач и актер Џани Моранди. Во првите две полуфинални вечери настапија по 14 артисти, а во третата односно вечерва  ќе настапат сите 28.Ќе настапат и во текот на четвртата, ревијална вечер, но со обработки на познати песни по желба. Во финалето повторно ќе ги слушнеме сите 28 авторски песни, а само пет ќе влезат во суперфиналето. Победникот на „Сан Ремо ќе ја претставува Италија на Песна на Евровизија што годинава ќе се одржи во Ливерпул.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *