Од среда – 15 ноември до 15 март задолжително треба да поседувате пропишана зимска опрема, согласно одредбите утврдени во Правилникот за задолжителна опрема на возилото, велосипедот и запрежното возило за безбедно учество во сообраќајот на патиштата, како и на трактори за безбедно извршување на земјоделски односно шумски работи.

Од РСБСП апелираат до возачите да ја носат и користат зимската опрема за своите возила, за како што велат безбедно управување со своето возило и безбедно и непречено пристигнување на саканата дестинација.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *