Одбојкарите на Штип УГД го одиграа последниот меч во дебитантскиот настап во ЦЕВ Лигата на шампиони. Пред домашната публика тие загубија од холандскиот Орион Старс со 2:3 но покажаа дека можат да се борат рамо до рамо со доста силен и поискусен противник.
Штипјани го освоија првиот сет со 25:23, а потоа имаа водство и во натпреварот. Орион Старс, сепак, го израмни резултатот и во пресудните моменти беше поконцентриран. Холанѓаните ги добија вториот (20:25), третиот (15:25) и петтиот сет (10:15).
И покрај поразот, Штип УГД остави силен впечаток. Европската сезона за нив не завршува – тимот продолжува во ЦЕВ Купот.
Новинар Никола.А
