НУ Камерен оркестар на Битола го одржа својот јубилеен концерт по повод три години од своето постоење, одбележувајќи значаен момент во својот уметнички развој и присуство на македонската музичка сцена.
Програмата опфати дела од различни стилски периоди и музички изрази, создавајќи богата концертна целина. Во првиот дел беа изведени композиции од Клод Дебиси, со Прелудиум VI „Стапки во снегот“ и Прелудиум VIII „Девојката со ленена коса“, во оркестрација на Б. Цанев, како и „Capriol Suite“ од Питер Ворлок, „Fantasia on Greensleeves“ од Ралф Вон Вилијамс и „Romanian Folk Dances“ од Бела Барток.
Битолскиот Камерен оркестар има настапувано и на Штипско културно лето каде приреди спектакуларен концерт со најголемите хитови од 80-тите и 90-тите!
