Земјотреси со јачина од 3,5 и 2,1 степен според Рихтеровата скала се почувствувани во Штип, во 03:24 и 04:11 часот утринава, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Епицентарот на земјотресите бил на 70 километри југоисточно од Скопје, во епицентрално подрачје  Штип.

Земјотресот е почуствуван од жителите на Штип кои вознемирено споделуваа на социјалните мрежи.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *