Алгарве во Португалија е најповолната европска дестинација за семеен одмор, според Post Office Travel Money Family Holiday Report 2026, кој ги споредил трошоците во 22 популарни летувалишта. Анализата ги опфаќа цените за оброци, пијалаци и основни туристички производи за четиричлено семејство.
На листата нема дестинации од Црна Гора, Грција и Албанија, иако тие важат за омилени и достапни меѓу туристите од регионот.
Топ 10 најповолни дестинации:
- Алгарве, Португалија
- Сончев Брег, Бугарија
- Ланзароте, Шпанија
- Менорка, Шпанија
- Коста Брава, Шпанија
- Тенерифе, Шпанија
- Мармарис, Турција
- Коста дел Сол, Шпанија
- Коста Бланка, Шпанија
- Пафос, Кипар
Најскапа дестинација е Соренто, Италија, каде просечните трошоци достигнуваат околу 314 евра, речиси двојно повеќе од Алгарве (околу 163 евра).

