Македонската фудбалска репрезентација ја продолжи победничката низа во оваа година. По триумфот над Малта од 2:1 во квалификациите за Европското првенство, вечерва на арената Тодор Проески совладана е селекцијата на Фарските Острови со 1:0, а стрелец на победничкиот погодок беше Бојан Миовски. Миовски е среќен што добрата форма од Абердин успеа да ја пренесе и во националниот тим.

„Среќен сум за придонесот во репрезентацијата и тоа што формата и головите ја пренесов во националниот тим со асистенција со Малта и денеска со гол против Фарски Острови. Против Малта беше важно да ги освоиме трите бода и со победа  да ги започнеме квалификациите за Европското првенство. Денеска беше одличен тест и за дебитантите и сите ние да се наметнеме за јунските натпревари. Во репрезентаијата можеме да се наметнеме само преку минутажа во клубовите и само со тимска игра можеме да очекуваме успех не само во квалификациите, туку и на секој натпревар“, вели Миовски.

Фудбалерите сега се враќаат во своите клубови до новиот циклус квалификациски натпревари кој е на програмата во јуни.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *