Милан и  Реал Мадрид се првите два полуфиналисти во Лигата на шампионите.

Милан  одигра о 1:1 против Наполи на „Диего Армандо Марадона“ во Неапол, додека Реал Мадрид на „Стемфорд Бриџ“ славеше со 2:0.

Наполи пред полни трибини не успеа да ја надомести негативата од 0-1 по првата средба, по еден неискористен пенал за двете екипи, Елиф Елмас играше во вториот дел.

Оливие Жиру не погоди од  пенал, но  успеа да се поправи за промашувањето и тоа во 43-та минута кога на асистенција на Рафаел Леао доенесе предност за Милан.

Наполи во судиското продолжение успеа да постигне гол преку Виктор Осимен.

Реал Мадрид  славеше со 2:0 против Челси, Бразилецот Родриго  ги постигна двата гола  во второто полувреме. Во 58-та минута го отвори резултатот, а потоа во 80-та ја потврди  победата.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *