По период исполнет со создавање нов материјал и работа во студио, македонскиот поп изведувач Марко Logout се враќа на музичката сцена со новиот сингл „Прв потег“, песна која носи современ звук, силна емоција и впечатлива продукција.

Новото музичко издание зборува за моментите кога животот бара храброст – за оној прв чекор, првиот поглед или првата одлука што може целосно да ја промени насоката на една приказна. Преку искрен текст и мелодичен поп израз, „Прв потег“ ја обработува темата на неизвесноста и чувствата што се јавуваат кога срцето го води патот.

youtube.com/watch?v=3kH-oTeYsPo&source_ve_path=MjE0Mjgz&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2Fmakfax.com.mk%2F

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *